Традиционалниот кинески календар е лунарен, што значи дека времето се мери по движењето на сонцето и месецот. Датумот на почеток на Кинеската нова година е различен секоја година и варира според грегоријанскиот календар, но обично е помеѓу 21 јануари и 20 февруари.
Оваа година е година на Мајмунот, девето животно во циклусот. Според кинеското верување, луѓето родени во годината на Мајмунот се интелегентни, мудри и друштвени, но, често и непослушни. Лесно владеат со многу вештини но се помалку арогантни и темпераментни, што понекогаш тоа им пречи во напредувањето.
Лунарна или кинеска нова година, се смета за најголемо движење на луѓето на планетата. За милиони од нив кои работат далеку од своите домови, ова е традиционална прилика да одат во своите куќи.
Овој празник се слави во континентална Кина, на Тајван, Кореа и Виетнам.
Кина во следната недела ќе биде буквално блокирана а многу жители на загадениот Пекинг, веќе се отидени кон своите празнични дестинации. Се очекува само во Хонгконг оваа недела да поминат 8 милиони луѓе, повеќе отколку што има жители (7,1 милион).