Финска потсеќа на зима, на вода, на мир и слобода.
А финското небо?
Бесконечно со бесконечно треперливи сијалички и грациозната аурора која танцува на нивното треперење. Финското небо е нешто што секој мора да го доживее, па додека се подготвувате за Вашата авантура, ви претставуваме неколку генијални фотографии од Joni Niemelä, кој ги направил во периодот од 2011 до 2016.
Најмногу од фотографиите се направени во Southern Ostrobothnia.
Па што чекаме? Веќе би требало да ги подготвиме куферите со неколку џемпери, шатор и двоглед, а можеби и еден телескоп.