Февруарската колекција, инспирирана од африканската савана е претставена преку мешавина од принтови со етно мотиви и многу модни додатоци. Боите кои доминираат се кафената и жолтата со повеќе нијанси, додека пак од материјалите најзастапен е велурот. Провидните блузи, долгите, лелеави фустани и облеката од природни материјали се вовед во колекцијата која ја карактеризира нескротливиот дух.