Доколку секој ден ви е хаотичен, како да се трчале маратон, бркате некои термини, ве чекаат други…., време е да застанете и направите мала промена во вашиот живот. Списокот на задачите кој постојано расте ве прави вон контрола, го зголемува стресот и ја намалува севкупната продуктивност на работа. Но, постои начин да го доведете вашиот живот во рамнотежа, како? со 10 минутна медитација.
Сега, пред да кажете било што и да го отфлите нашиот хокус – покус предлог, ќе ви ги претставиме овие научни докази.
Според Headspace, истражувањето кое е резултат на 163 различни студии, сугерираат дека добрата медитација води кон – позитивно влијание на смалување на тешкотиите, стресот и депресијата.
Поранешниот будистички основач на Headspace Andy Puddicombeall вели, дека се што ви треба е 10 минути дневно да поминете во медитација без мисли во главата – не е потребна медитација со темијан или да сте во некоја непријатна позиција за вас.
- Заборавете ја несоницата
- Решете се од непотребниот стрес и мачнини
- Со медитација смалете го ризикот од кардиоваскуларните болести
- Намалете го интензитетот на болка која често ја имате
- Очекувајте подобрување на односите со партнерот, семејството и пријателите.
- Зголемете ја вашата продуктивност