Доколку за креациите на некој моден дизајнер, може да се каже дека претставуваат магија, тогаш тоа се дефинитивно креациите кои носат потпис на Zuhair Murad, затоа што се едноставно совршени! Од оваа приказна не можеме воопшто да ги издвоиме неговите претходни колекции, но и последната кутур колекција за пролет/лето 2016 година претставена во рамките на Модната недела на вискока мода во Париз. Колекцијата изобилува со бела, портокалова, светло зелена, нежна светло сина боја и цветни дезени изработени од вештите мајстори на апликации од тантели со сваровски кристали и срма.