Кои се предностите на читањето? Ја зголемува интелегенцијата, моќта на мозокот, релаксира, подобро спиење и ја активира меморијата. Воедно, читањето ви помага да напредувате на работа.
Mark Zuckerberg кој минатата година започна со виртуелниот клуб на љубители на книги и Bill Gates кој секоја вечер чита саат време, истакнаа дека читањето многу им помогнало во нивните кариери.
Читањето не тера да престанеме да мислиме за тоа што моментално ни се случува во животот, не носи во нови перспективи, до нов начин на размислување и нови идеи.
Ако мислите дека немате доволно време за читање, размислете повторно. Успешните луѓе читаат секогаш кога имаат време, додека патуваат и кога се одмараат. Наместо да ја гледате два пати повторената реприза на серијата или го прегледувате Facebook/Instagram/Twitter со саати, прочитајте книга, часопис, весник. Создадете рутина на секојдневно читање – секое утро или навечер одредете си 30 или 60 минути кои ќе ги посветите на читањето, рутина која нема да ја прескокнете, како рутината на миење заби.