Сината боја е секаде околу нас, водата е сина, небото е сино, а сепак е вон нашиот дофат!
Приказната за сината боја во Европа е отпочната пред илјада години, кога трговците морепловци од далечниит Исток во потрага за злато, го донеле таинствениот товар наречен Lapis lazuli , во Венеција. Овој син камен се наоѓал само на едно место во светот, во еден рудник, во далечниот Авганистан. Во тоа време овој камен ја надминувал вредноста на златото.
Мистериозниот Lapis lazuli толку ги одушевил европјаните што го променил текот на историјата на уметноста.
Уметниција со сината боја не пренесуваат во таинствените и егзотичните предели на ултрамаринот.
Девојката со бисерната обетка (1665) од Јоханес Вермер е сликана со ултрамарин, природен пигмент направен од lapis lazuli.
Пехар изработен од lapis lazuli
Yves Klein – Монохромна слика
И на крај, патувањата во вселената покажаа дека синото не e боја на други светови, туку е боја на нашиот свет.