Кога би постоела листа на најубави градови во Европа, со сигурност овој примат би го понел белгискиот град Бриж (Brugge). Името го добил по старонорвешкиот збор Bryggia што во превод значи кеј. Го нарекуваат и “Венеција на северот”, поради бројните канали со кои е опкружен. Тој е вистински бисер во овој европски дел, а една од причините зошто тоа е така е фактот што тој успеал да спротистави на изградбата на нови модерни објекти веднаш после втората светска војна. Го красат калдрмести тесни улички со средновековна автентична архитектура. Историскиот центар на градот се наоѓа на листата на светското културно наследство на УНЕСКО. Погледнете ја оваа уникатна убавина!!