Креативнoто творештво на италијанскиот илустратор Паоло Доменикони започнува во рекламни и маркетинг агенции. Сепак, во одреден момент од животот, уметникот сфаќа дека она што најмногу го привлекува се детските илустрации, па започнува со изучување и надградба на себеси во конкретниот жанр. Паоло е во постојана соработка со издавачи, подарувајќи му ги на светот своите прекрасни, магични слики. На нив ништо не е вообичаено и секојдневно, туку на набљудувачот му нудат волшебен поглед на нештата, налик на фантазијата и соништата, водејќи го до нови, имагинарни светови. Во продолжение, погледнете дел од уметноста на Паоло Доменикони во нашата галерија.