Белината на снежната прекривка, хармонијата и идиличните сцени, но и миговите на спокој и тишина се нештата со кои восхитува студеното годишно доба. Ви претставуваме 20 фотографски композиции со минималистички призвук и лаконски зимски пејзажи, чии смирени бои и мотиви ќе ви ја откријат магијата на зимата од поинаков агол. Уживајте во нашата галерија која го релаксира умот, возвишувајќи ги природноста, суптилноста и умереноста.