Го сакаме својот дом бидејќи ни дава сигурурност, не штити од невреме, понекогаш и од целиот надворешен свет. Место каде живееме со своето семејство, домашните миленичиња и нашите лични работи. Токму затоа, има смисол што голем дел од нашето време и труд сме го вложиле да создадеме место за релаксирање, да се заборават грижите, за играње, спиење, јадење, забава и љубов. Направивме простор каде сме далеку од се, а најблиску до саканите. И затоа тоа е место кое најмногу го сакаме.