Lapis Lazuli или како уште го нарекуваат и “кралот” на скапоцените камења во историјата на човештвото е познат како најбараниот камен. Во стариот милениум го нарекувале и сафир. За прв пат е пронајден во 4 тиот милениум во планините на североисточен Афганистан. Египетските фараони во свое време организирале големи војни експедиции за да го пронајдат овој небесен камен. Длабоко небесната сина боја со својата величествена боја станала симбол на боговите, моќта, духот и визијата. Во современите духовни толкувања , лапис лазули симболизира племенитост. Тој може да се најде во сите облици во облик на статуетки, накит, вазни и.т.н. Најсодветно го покажува времето кога сончевите зраци се најслаби односно зимскиот период, а тогаш ни е најпотребна енергија и виталност за да делуваме. Бојата на овој камен го претставува будењето на животот и емоциите. Раскошна убавина.
.