Доколку некои sидови во станот ви стојат празни и не знаете што да направите со нив – еве неколку начини како да го решите тој проблем. Тоа што ви е потребно е неколку слики ( можете вие или вашето дете да биде автор) и интересни рамки. Секако добро добедојдени би биле уметнички слики кои сте ги купиле или наследиле, па се до празни рамки или рамки од фотографии.
Тренд во дизајнот на интериерот е – колку повеќе, толку подобро. Хармонијата мора да постои, важно е како вам ви се допаѓа а не на гостите кои со интерес ќе го набљудуваат. Треба sидот да е празен, по можност бел, без никаков декор. На него можете (како и на белото платно) да ставите се што сакате и да создадете такво чувство, кое го има во уметничките галерии.