Penny-round или старите кружни мали плочки, повторно се наоѓаат во дизајнот на ентериерот. Шестоаголните или кружниот мозаик со овие плочки, претставува класична и ефтина опција кога се во прашање, подовите на купатилата и кујните.
Денес, нивната примена во целост е вратена, додадена им е нова вредност и претставен нов начин на презентација на истите – цели подови, па дури и столбови, можат да се покријат со овие плочки. Во нашата галерија подолу, ќе најдете некои решенија, како своето купатило или кујна да станат, модерен и убав простор!