Kyodo House е совршен пример како архитектите во текот на проектирањето мислат и на екологијата. Во денешно време, проектирањето куќи станува и проект за зачувување на природата, односно обид при градењето да се земе предвид енергетската самоодржливост на просторот. Одличен пример за ова е куќата Kyodo House во Токио која е изградени од рециклирани материјали. Sandwich и Team Low Energy се двете архитектонски студија кои стојат зад овој проект. Дневната соба е свртена кон југ со цел да се задржи светлината и топлината и да се намали потрошувачката на енергија. Целата куќа е обвиткана со слој искористени дрвени материјали, обработени за на крај да се добие интересна ребраста структура однадвор.