Овој апартман е неверојатно женствен, перфектно ја комбинира елеганцијата, луксузот, модерниот и еклектичниот стил. Се наоѓа во Далас и дело е на креативниот тим Laura Lee Clark Interior Design.
Станот и припаѓа на жена со извонредно око за дизајн на интериери, која сакала станот да ја рефлектира нејзината живописна, слатка и искрена личност.
Дизајнерскиот тим и ги исполнил желбите, така што комбинирале повеќе нијанси на розевата боја со ексклузивен мебел. Така на пример во трпезаријата се наоѓа луксузен елемент, заводливиот Koket „Nymph“ лустер.