Две минути се доволни за да се заљубите во оваа прекрасна убавица сместена во Франција. Колибата го носи името “One Oak”, скратено од One of a Kind (Единствена). Сместена е на мирно место на величествениот Мон Блан. Овој имот е дизајниран на начин кој ги отсликува стилот и околината. Современиот стил на ентериерот во комбинација со традицијата и рустикалниот шарм е полн погодок за идеална зимска идила.
Романтичната куќа има три ката, а најгоре може да се ужива во прекрасен поглед на Мон Блан. На првиот кат има пространа дневна соба, најсовремено уредена со сѐ што е потребно. Иновативната кујна дополнително придонесува за незаборавно чувство на уживање, а да не зборуваме за прекрасните тераси кои нудат поглед на уникатни зимски пејсажи. Створено за одмор и фантазија!