Празнична идила и славенички амбиент во животниот простор.
На календарскиот почеток на зимата, време е да се потсетиме зошто ова доба важи за најмагична сезона во годината. Свечените прослави и празничниот декор се најубава најава за пристигнувањето на последното годишно време во домот, полно со радости и споделување љубов со најмилите. По денот поминат на ниските температури надвор, домот е единственото засолниште и местото каде минуваме се’ повеќе време токму во зимскиот период. За таа намена, ентериерот треба да биде топол, комфорен и гостопримлив, дочекувајќи со пријатна атмосфера и удобност во секое катче од домашната оаза. Во продолжение ви претставуваме неколку идилични сцени, кои во пресрет на новогодишните и божиќните празници ги понуди зимскиот каталог на англискиот бренд The White Company. Изобилува со инспиративни примери и софистицирани предлози за уредување на домот. Пронајдете ја омилената идеја и за вашиот животен простор. Празници се ближат!