Vera Van Wolferen е уметник и дизајнер која живее и работи во Хаг, Холандија. Таа е автор на еден мошне необичен серијал на имагинарни приказни кои се прикажани преку спој на картон, дрво и памук. Деликатните уметнички инсталации се чини како да се излезени од некоја детска фантазија или бајка. Навистина оригинален начин да се претстават сцени од реалното и нереалното, животот и сонот.