Во пресрет на зимата и убавите празнични денови, ви претставуваме мошнe брз, лесен и едноставен, а пред се’ евтин направи сам проект. Станува збор за шармантни минијатурни капчиња, за чија изработка ви се потребни неколку минути и само два материјали.
Плетените зимски капчиња се симбол на зимата, а како мини декорации имаат повеќе различни намени – со нив можете да го украсите домот или накитите новогодишната елка, да го разубавите и збогатите пакувањето на божиќниот подарок, или, пак, да го комплетирате вашиот зимски изглед со впечатлив детаљ.
Искористете го слободното време и бидете креативни. За начинот на кој можете да ги подготвите овие преслатки украси, погледнете ги инструкциите од видеото во продолжение.