Внесете радост и славеничка атмосфера во вашиот дом.
Празниците се секогаш добар потсетник дека топлата атмосфера во домот, споделувањето љубов и пријатните мигови поминати во кругот на семејството се најубавите нешта кои можете да си ги ,,подарите’’ на себе. Шпанскиот магазин El Mueble понуди низа убави и стилски идеи за украсување на домот во пресрет на новогодишните и божиќните празници. Во дизајнот на овој прекрасно уреден ентериер, акцентот е ставен на беж, бели и златни тонови на декорациите, кои се одбрани со многу вкус, а се одлична алтернатива за традиционалниот црвено-зелен декор. Од дневниот престој, празничната трпеза, па се’ до детската соба, секое катче зрачи со позитивна енергија и славенички тон. Пронајдете ја омилената инспирација и за вашиот животен амбиент. Празници се ближат!