Подводниот ноќен клуб “Subsix” кој е лоциран во одмаралиштето (Per Aquum Niyama) на Малдивите беше отворен во 2012 година и тежнее да го извлече најубавото од океанскиот магичен свет при тоа овозможувајќи им на посетителите да уживаат во убавините на океанот. Проектиран е од страна на познатаото архитектонско студио “POOLE ASSOCIATES”. При посета на овој прекрасен клуб посетителите мора да изнајмат бротче за да дојдат до него, бидејќи тој е лоциран на 500м од брегот. Ентериерниот декор ја црпи својата целосна инспирација од убавините на подводниот океански свет при тоа рефлектирајќи ја естетската морнарица во секој аспект на дизајнот. Осветлен со апстрактни лустери на бела звездена пена која што се бранува помеѓу илјадници школки е само еден мал дел од магичните моменти кои што ги дочекуваат гостите при нивната посета на овој ноќен клуб. Центарот на ресторанот вклучува огромен пулт кој е налик на фиберглас школка.
Целокупната атмосфера се менува од момент во момент со помош на осветлувањето кое ги менува своите нијанси од лилави тонови на лаванда па се до сините морски нијанси кои се присутни во вечерните часови. Најпосакуваните места за посетителите се оние покрај самите панорамски прозорци кои гледаат кон коралниот гребен во кој што е богат со 90 различни видови на морска фауна. Драги наши читатели погледнете го вој рај и уживајте во прекрасната глетка!!