Спектакуларна екранизација на легендарната мисија по која е напишан романот ,,Моби Дик’’.
Оскаровецот Рон Хауард ( ,,Аполо 13” и ,,Прекрасен ум“) ја режира новата акциона авантура ,,Во срцето на морето“, врз основа на бестселерот на Натанаил Филбрик во врска со драматичното патување на Есекс. Станува збор за неверојатна приказна базирана на вистински настан, која го прикажува соочувањето на екипажот на бродот со најстрашното суштество кое некогаш го виделе.
Во зимата 1820 година, големиот брод за лов на китови од Нова Англија, Есекс, беше нападнат од нешто никој не можеше да поверува: кит со огромна големина и речиси човечко чувство за одмазда. Оваа морска катастрофа ќе го инспирира Херман Мелвил да го напише романот „Моби Дик“. Но, тој прикажува само половина од приказната.
Филмот ,,Во срцето на морето” ги открива ужасните последици на преживеаните членови на екипажот од средбата со китот и нивната борба да останат живи. Пркосејќи им на бурите, гладта, паниката и очајот, мажите ќе ги доведат во прашање нивните најдлабоки верувања, од вредноста на нивните животи до моралноста на својот занает. Додека нивниот капетан бара насока на отворено море, еден член од неговиот екипаж сè уште настојува да го улови големиот кит.
Премиерното прикажување на „Во срцето на морето’’ пред македонската публика бешe на 03.12.2015, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.