Ако сте поканети на коктел за празниците кои следат, тогаш сигурно сте во потрага по совршен коктел фустан. Или ако едноставно сакате да облечете бордо фустан кој ќе одговара со бојата на виното во новогодишната ноќ – тогаш, фустаните од плиш се одличен избор за таа прилика.
Не само што плишот изгледа луксузно и скапо, туку и сите погледи ќе бидат упатени кон вас. Има ли подобар начин како да се зголеми оној “wow faktor”, од плишан фустан во бордо боја? – Нема.
Ние на време ви предлагаме неколку модели кои се со чисти линии, без многу додатоци на нив, затоа што прелевањето на плишот, е најубавиот украс на телото на една жена.