Дали некогаш сте помислилие да го напуштите своето работно место и да се занимавате со нешто што ќе ја исполни монотонијата на секојдневието?
Kimera Wachna е една храбра Американка која посегна по својот сон. Таа отвори онлајн сајт, Gracemere Woods, каде ги продава своите мали дрвени уметнички дела. Се работи всушност за насликани рециклирани парчиња дрво, кои совршено би се вклопиле во секој топол ентериер. Поготово ќе придонесат во празничната атмосфера за овој период.
Со афинитет и исцрпна инспирација од природата, таа слика бувови, лисици, иваси, ѕвездени неба и живописни дрва.
Како Ви се допаѓа Вам оваа загадочно – слатка вештина?