Идилична атмосфера за читање за секој библиофил е во огромна винтиџ библиотека, каде може да се почувствува духот на знаењето.
Секундарна омилена локација е во природа, под слабото есенско Сонце.
Канадското студио, AKB, се погрижи за читателите со еден генијално осмислен дизајн за мини библиотека во форма на коцка, совршена за во парк. Оваа коцка има прозорци, клупи, а најважното од се – многу книги. Именувана како Story Pod, оваа библиотека за да ја запази автентичноста, се отвора како книга.
Колку би било убаво да имаме вакво нешто во нашите паркови, каде ќе ги запознаваме и најмилите со убавината на книжевноста и знаењето.