Познатиот италијански бренд ”SLAMP” е номиниран за престижната награда “Blueprint” во категоријата за најинвентивен дизајн на производи. Станува збор за импозантниот дизајн на лустерот кој е наречен “ARIA”. Tој со својот прекрасен изглед ги освои уште на прв поглед како купувачите така и стручните жирија ширум светот. Познатата арихитектка Заха Хадид е авторот на ова прекрасно дело. Позната по своите аморфни форми во своите изработки таа во овој производ ги користи иновативните материјали CRISTALFLEX и LENTIFLEX кои при изработка дозволуваат прецицно сечење и прекршување на светлината. Димензиите се (70x70x115), а благодарение на материјалот од кој е изработен тој тежи само 10кг. Користи сијалици LED 35W, 3.500 LUMEN, 2700KELVIN. Материјалот од кој е изработен е транспарентен и се вклопува во скоро секој ентериерен колорит. Погледенете како изгледа овој прекрасен дизајн!!