Candice Swanepoel ја замени долната секси облека, за кул спортски аутфит, во најновиот каталог на Victoria’s Secret Sport. Сигурно ќе се согласите со нас, таа е најдобрата фитнес инспирација!
На фотографиите, Candice ја покажа својата прекрасна извајана фигура, која неодамна имавме прилика да ја видиме на модната ревија на Victoria’s Secret. Во оваа спортска опрема, градници, топови и бодија, таа изгледа апослуно совршено. Во силните и неонски бои – жолтата и розевата, Candice изгледа спремна за тренинг, истовремено будејќи ја желбата и кај нас, да излеземе надвор и да свртиме еден круг oколу зградата.