“Palazzo Di Amore” („Палатата на љубовта”) е вила која се наоѓа во луксузниот Беверли Хилс во Лос Анџелес, Калифорнија и се смета за најскапата вила во САД. Сепак, оваа грандиозна вила има судбина која едноставна никако не допушта да се продаде. Нејзината цена до пред една година изнесуваше неверојатни 195 милиони долари, но неодамна беше намалена за цели 46 милиони, па сега изнесува 149 милиони долари. И покрај тоа, палатата останува на врвот на листата на најскапи имоти во Америка.
Вилата се протега на 25 хектари, а се состои од главна резиденција која зафаќа простор од 3.500м2 , како и комплетно опремена гостинска куќа. Има 12 спални соби и 20 бањи, како и главен (мастер) апартман од 500 м2. Куќата нуди и дополнителен простор за забава и тоа кино со 70 седишта, куглана, балска сала со ротирачки под, базен со фонтана и водопад, спа центар и тениски терен. Palazzo Di Amore ја дизајнирал Мухамед Хадид, таткото на познатата манекенка Џиџи Хадид.