Loro Piana e повеќе од италијански бренд. Тоа е фамилија посветена исклучиво на изработка на облека со највисок стандард – мајсторска изработка и технологија. Користејќи го знаењето и искуството на 6 генерации и клиенти кои го бараат најубавото и најквалитетното, инспирирано од природата со материјали од чиста волна, памук и кожа, тие станаа синоним за ексклузивност. Брендот Лоро Пиана постои од 1800 година, а денес сопственик и идеен лидер на компанијата е Серџо Пјер Луиџи Лоро Пиана. Компанијата е позната по исклучителни квалитетни материјали а посебно е позната по квалитетниот кашмир. Во светот има 130 дуќани на овој бренд.