Откако беше симболизирана како Мокингџеј, Катнис Евердин и Округот 13 се вклучуваат во револуција против Капитол.
Катнис Евердин заедно со нејзините најблиски пријатели Пита, Гејл и Финик го напуштаат Округот 13 и се вклучуваат во револуција против Капитол за да ги ослободат граѓаните од разурнатиот Панем и претседателот Сноу, кој е опседнат со уништувањето на Катнис. Тие ќе се соочат со смртни стапици, опасни непријатели и морални одлуки од кои ќе зависи иднината на милиони луѓе.
Подгответе се за моќното финале на Катнис Евердин! Ќе успее ли да го покори Капитол? „Игрите на гладните: Мокингџеј 2“, последното продолжение од возбудливата научно-фантастична авантура пристигнува на големото платно. „Мокингџеј 2“ е завршно поглавје во кое Катнис Евердин (Џенифер Лоренс) сфаќа дека целиот нејзин влог нема да придонесат само за преживување на игрите, туку ќе ја променат иднината на луѓето. Панем е во војна, а Катнис се соочува со претседателот Сноу (Доналд Сатерленд) во конечна пресметка. Со нејзините најблиски пријатели Гејл (Лиам Хемсворт), Финик (Сем Клафлин) и Пита (Џош Хатчерсон), Катнис тргнува на мисија со Округот 13. Сите ги ризикуваат своите животи само за да го спасат Панем и да извршат атентат на претседателот Сноу, кој е опседнат со идејата за нејзино уништување. Оваа борба ќе биде најопасна од било која друга во арената.
Џенифер Лоренс како Катнис Евердин од првиот дел до сега има поминато низ многу работи. Од девојка која со голи раце тргна да се спасува себеси и својата фамилија, и станување херој на многумина, таа израсна во строг лидер решена да се бори против немилосрдниот општествен поредок. Лоренс вели: „Во овој дел Катнис навистина почнува да сфаќа дека работите може да се променат. Досега, таа се обидуваше да преживее, но сега тргнува во вистинска борба. Возбудливо е што таа конечно ја прифати улогата на лидер. На крајот од првиот дел беше несигурна дали да продолжи. Во вториот дел, веќе ја гледа пошироката слика и се фокусира на иднината.“
Режисерот Францис Лоренс изјавува: „Во овој филм, Катнис Евердин ја зема акцијата назад во свои раце и лично оди по претседателот Сноу. Можеме да видиме повеќе акција, повеќе можности, повеќе емоции, а најмногу од сѐ, овој филм ја носи приказната до конечниот заклучок.” „Акцијата во Игрите на гладните: Мокингџеј 2 се неверојатни“ – додава Џенифер. „Некои од нив беа многу тешки – снимање во мокри тунели, боречки сцени во и над водата, потопени од водата со најголема брзина, но сѐ тоа беше вредно бидејќи тоа ќе изгледа фантастично реално за публиката.“
Премиерното прикажување на „Игрите на гладните: Мокингџеј 2’’ пред македонската публика бешe на 19.11.2015, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.