Примарната професија на Руби Силвиус е графички дизајнер, но освен тоа, таа црта, слика на платно, прави колажи и се занимава со секаков вид на визуелна уметност. Своите дела ги создава во Њујорк, а по потекло е од Филипините. Од пред некое време, талентираната Руби добила идеја обичните вреќички чај да ги претвори во вистински уметнички слики. Така започнал нејзиниот проект „363 дена чај” кој се состои од мошне интересно и прецизно насликани вреќички чај кои воопшто не личат на она што се, туку на уметнички дела. Мотивите се различни, но преовладуваат сцени од секојдневието. За овој проект, Руби е добитник на неколку значајни награди.
Уште еден прекрасен пример за убавината и безграничноста на уметноста.