Шеширот, секако е симбол кој ја одсликува една дама и е важен аксесоар кој треба да се има во својот гардеробер. Тој е фантастичен моден детал кој ќе го надополни вашиот имиџ. Најважен момент во ова се е да го одберете моделот кој вам најмногу ви одговара. Во продолжение ви претставуваме неколку модели на шешири!!
1. Шешир со широк обод, Брановидна коса
Ако најчесто ја носите вашата фризура пуштена и брановидна овој вид на шешир е вистински избор за вас. Шеширот со широк обод е многу популарен оваа сезона, а секако можете да најдете соодветен модел за себе си ширум нашите продавници.
2. Шешир со тесен обод, паж фризура
Ако ја носите “симпатичната”-(Паж) фризура овој вид на шешир е несомнено вашиот вистински избор. Ако сакате да бидете забележани ви препорачуваме да избрете за себе токму ваква форма на шешир.
3. Федора
Федора шеширите беа несомнено многу популарни ова лето. Добрата вест е тоа што тие ќе бидат модерни и зимската сезона, секако изработени од подебели материјали. На овој вид на шешир најмогу му прилегаат опуштени фризури или можеби убава плаетенка или мала пунџа.
4. Ретро шешир, кратка или средна должина на коса
За фановите на ретро-романтичните капи и шешири добрата вест е што истите ќе бидат во тренд претстоечката зимска сезона. Поради својата структура тие најповеќе одговараат со куса или средна должина на коса. На тој начин ќе го задржите балансот и вашето лицеќе остане во фокусот.
5. Качкети
Се чини дека качкетот и никогаш не излегува од мода. Тој дава единствен шарм и лежерност и е незаменлив ако го сакате опучтениот стил. Најдобро прилега со т.н “Боб” фризури.