Студенилото во воздухот надвор, неминовно бара создавање на топло и удобно прибежиште, идеално за споделување мигови со семејството и пријателите. Постојат многу начини со кои можете да постигнете вашиот ентериер да стане пријатно и комфорно место за престој во текот на есента, но и зимата. Еден од наједноставните е со помош на декоративни перници, ќебиња и изборот на постелнина. Во продолжение, ви претставуваме 13 одлични идеи за таа намена, а кои сигурно ќе ве инспирираат и помогнат како вашиот дом да го претворите во катче за уживање во студените денови и ноќи кои се пред нас.