Скандинавски животен амбиент во Москва, Русија, создаден и уреден со многу љубов. Вака звучи описот во портфолиото на домот кој ви го претставуваме во продолжение. Станот е со површина од 41 метри квадратни, а осмислен е од рускиот дизајнер Денис Красиков. Разигран и инспириран од скандинавскиот стил на уредување, а сепак многу елегантен, ентериерот умешно спојува неколку различни елементи. Од геометриските дезени кои на просторот му даваат динамика, чистите линии, па се’ до убавите комбинации на бои, поради кои целиот ентериер зрачи со младешка атмосфера. Белите парчиња мебел во дневниот престој се вешто искомбинирани со тиркизните детали. Во кујната исто така доминираат геометриските шари на темниот ѕиден тапет, а во совршен контраст е со белите кујнски елементи. Погледнете ја галеријата и инспирирајте се од креативниот дизајн на овој преубаво стилизиран дом.