Да бидеме искрени, ние екологистите не поднесуваме облакодери!
Но, архитектите се секогаш тука со својата генијалност, да го променат нашето мислење од корен. Кога станува збор за страшните високи „монструми“, имало навистина преубаво решение кое ќе ги направи поприфатливи за нашиот вкус.
Стефано Боери е мајсторот кој ќе биде заслужен за ова иновативно, „go-green“ дело. Именувана, “La Tour des Cedres”, во оваа 34-катница ќе бидат вдомени над 100 дрва, 6 000 грмушки и 18 000 саксиски растенија, зафаќајќи околу 3 000 метри квадратни.
Зеленилото е паметно распределено во апартманите, каде ќе ги штитат од бука и загадување, а и секако ќе го разубавуваат погледот од прозорците.
Покрај оваа зграда во Лозана, овој италијански архитект има проектирано и во совршеното Милано, како на пример двете убавици кои можете да ги погледнете подолу.