Прекрасната Sasha Pivovarova е супер моделот во кампањата на H&M Beauty, есен/зима 2015 година. Cuneyt Akeroglu ги направи фотографиите, на кои Sasha совршено ги презентира сите најголеми трендови и најдобри изгледи на убавина – од неутралната шминка па се до силните cat eye и коса со волумен.
H&M комплетната козметичка линија, моментално брои преку 700 различни производи, вклучувајќи кармини, маскари, лакови за нокти, сенки, и сите останати ситници кои една зависничка од шминка може да ги посака, а сето тоа ќе го најдете во all-inclusive колкецијата.