Брисел, град на космополитскиот дух и престолнината на Европа. Град во кој ќе сретнете љубезни и добро расположени луѓе и драгоцена архитектура и уметност.
Прошетките по бриселките улици ќе ви ги разбудат сетилата и ќе ви откријат нови светови на магија. Овие улици се полни со продавници за сувенири со прочуената белгиска чипка, а тука се и многубројните пабови и ресторани кои нудат одлично пиво и вкусни интернационални и локални јадења. Големиот плоштад во центарот на градот е место кое собира туристи од целиот свет, а е опкружен со прекрасни градби како што се Градската библиотека, грандиозната катедрала Св. Гудул, како и древни градби со зачувани фасади и елементи на архитектурата кои претставуваат различни епохи.
Кога зборуваме за Брисел, не можеме да не ја споменеме белгиската чоколада- една од најубавите и највкусните во светот. Верувале или не, низ улиците на овој град се чувствува мирисот на чоколада насекаде.
Уште едно значајно место кое секако треба да се посети е градбата наречена Атомиум. Станува збор за модерна градба со специфична стаклена и челична структура.
На крај, Брисел е град во кој енергично се мешаат старата и новата цивилизација, место кое гради нова и единствена Европа. Посетете го што поскоро- прекрасен е во секое време од годината.