Златото е моментално жешкиот актуелен тренд, кога станува збор за дизајн на ентериер. Златните акценти во домот се безвременска елеганција. За среќа, постојат некои едноставни, забавни и изненадувачки евтини чекори, кои можете да ги превземете, како би позлатиле некои делови од домот.
Ќе ви покажеме неколку начини како да додадете дух на гламур и злато во својот дом, а притоа да не изгледа на кич и невкус. Идеите погледнете ги во галеријата подолу, па сами одлучете.
Лустери
Лустерот е најдоброто место за почеток на златното дотерување. Ви препорачуваме да одберете елегантен лустер кој во просторијата ќе создаде удобна и интимна атмосфера. Одберете го тој кој нема премногу метал, туку повеќе стакло со доза на злато на рабовите. Тоа на вашата спална, дневна соба и трпезарија, ќе им даде вистинско чувство на елеганција. Лустерите не се само за дневна соба!
Златен мебел, златни ткаeнини и боја
Златниот мебел е апсолутен хит во светот на дизајнот, со него не можете да погрешите. Но како да го направите тоа а да не изгледа невкусно? Обидете се во заесите, постелнината, перниците, теписите и другите ткаенини, да додадете елемент и додаток на златна боја. Или пак, обоете го едниот sид во неутрална боја, а sидот до него во светкаво златна боја. Ако тоа ви се чини претерано, тогаш размислете тоа да го направите на малото масиче за кафе.
Нека се злати масата!
Секое масиче во домот може да изгледа гламурозно со додавање на едноствен златен тепих. кој е совршен преку целата година. Ако организирате посебна вечера, масата можете да ја украсите со уште малку злато како на пример салфети, приборот за јадење или вазна.
Дури и нешто сосема дноставно како златни топчиња во стаклена вазна или пак златна чинија, која ќе биде наговестување на гламур во вашиот дом.
Златните додатоци создаваат искри!
Не се сите свеќи тука за да се запалат, а тоа особено е вистина кога станува збор за додавање на златните нијанси во домашниот декор. Обидете се да додадете неколку светликави златни свеќи на масата во дневната соба. Не го заборавајте златното правило – три златни елемнти се доволно!
Месингот е повторно ИН!
Mесингот се врати! Не зборуваме за оној од 1980 година, туку за новиот месинг кој трае и сјаи со многу модерно светло.
Размислете да додете златни акценти во вашиот дом со месинг – ако златниот одсјај ви изгледа премногу за вас, месингот ќе ви озозможи да додадете сјај без премногу шаренило.
Златни рамки
Златни акценти
Црно и злато
Бела и златна спална соба
Бела кујна со месинг акценти