Eдна група на дизајнери од Јужна Кореја, смислиле начин како да се борат против тмурните денови кога дождот едноставно не престанува да врне 3 недели по ред. Заедно со фирмата која изработува бои Pantone, ги вратија боите во Сеул со создавање на огромни живописни слики по улиците, кои се појавуваат само кога врне дожд.
Нивниот проект наречен “Project Monsoon“, создаден е за годишните сезони на монсуните, кога дождот не престанува да врне три недели по ред. Уметниците користат посебна хидрокроматична боја, која е невидлива се додека не се намокри.