Во хотелот Kameha Grand Zürich е отворен уметнички апартман наречен “space suite”. Гостите имаат можност да го почувствуваат вонземското искуство, заронети, како да се наоѓаат на месечината. Германскиот авантурист, уметник и иден астронаут Michael Najjar, потполно го трансформирал дизајнот на еден апартман од хотелот, претворајќи го во виртуелна вселенска станица. Sидовите, подот и внатрешноста, полни се со космички мотиви од вселенски телескоп Hubble; расветата која свети во дневниот простор потестува на ракетен мотор; додека романите, филмовите и аудио изданијата за вселенските патувања ја исполнуваат целата читална.
Кога влегувате во апартманот, автоматски, еротски женски глас ги поздравува “членовите на посадата” читајќи ги упатствата за користење на собите. Тепихот е вселенски, се темели на неколку високо резолуцијски датотеки од свемирскиот телескоп Hubble, и се протега по целата должина на апартманот, каде го апстрахира просторот како бел, а sвездите како црни.
Прозорот е заменет со рефлектирачка површина како огледало, кое со физичка симулација ја изобличува стварноста. Рефлекторите инспирирани од ракетните мотори, го прават просторот поголем, а ракавиците кои излагаат од sидовите им служат на гостите за да ги закачат своите мобилни или клуч-картици. Спалната соба е обвиткана со попупроsирна фолија, која го блокира погледот надвор, но овозможува влегувуње на светлина. Црн, правоаголен кревет се гледа од sидот и го имитира монолитот од филмот “2001- Одисеја во свемирот”, и замислен така да изгледа како да лебди во свемирот.