Вин Дизел непрепознатлив во улога на ловецот на вештерки.
Последниот ловец на вештерки стои помеѓу човештвото и комбинираните сили од најпознатите застрашувачки вештерки во историјата. Современиот свет има многу тајни, но најмногу восхитувачка тајна од сите е дека вештерките уште живеат меѓу нас; натприродни суштества кои имаат намера за ослободување на црната магија врз светот. Армиите на ловци на вештерки се борат против натприродните сили низ светот со векови, вклучувајќи го Каулдер – храбар воин, кој успеал да ја убие моќната КРАЛИЦА вештерка, уништувајќи ги и нејзините следбеници во процесот.
Во моментите непосредно пред нејзината смрт, кралицата ќе фрли клетва врз Клаудер со нејзината бесмртност, засекогаш разделувајќи го од неговата сакана сопруга и ќерка во задгробниот живот. Денес Каулдер е само еден од неговиот вид останат, и има поминато векови во лов на непријателските вештерки, се додека копнее по изгубените најблиски. Сепак, непознато за Клаудер, кралицата вештерка е воскресната и бара одмазда на нејзиниот убиец предизвикувајќи епска битка што ќе го одреди опстанокот на човечкиот род.
Кино посетителите ги очекува интензивна и оригинална фантастична авантура, прекрасни визури и сцени на одлични борби. „Последниот ловец на вештерки“ не воведува во сложената митологија исполнета со шокантни насилства, предавства и незаборавни ликови. Сместен во досега невиден свет, ова е приказна за осумстогодишната борба на еден човек против војската на злобни надчовечки суштества кои сакаат да го уништат човештвото. Светската акциона ѕвезда Вин Дизел се јавува како продуцент и го толкува ликот на Каулдер, стариот заштитник на човештвото кој го изгубил своето семејство и пријателите, а изгледа дека својата надеж ја пронаоѓа во борбата против мрачните сили.
Инспирацијата за Каулдер и неговата приказна Дизел ја пронашол во својата страст за видео игри – поточно во играта ‘Dungeons and Dragons’ во која негов омилен лик бил Малкол, темниот елф и ловец на вештерки. „Отсекогаш сакав да снимам акционен филм сместен во светот на фантазијата. Кога пред пет години го запознав сценаристот Кори Гудман разговаравме со воодушевување за играта и ете на крајот завршив во рака со одлично сценарио за ловецот на вештерки.“
Премиерното прикажување на „Последниот ловец на вештерки’’ пред македонската публика бешe на 29.10.2015, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.