Доколку сте личност која ја воодушевуваат скандинавскиот минимализам и комбинирањето на црната и белата боја на безброј начини, ќе бидете изненадени од предлозите на шпанскиот бренд Zara. Мини есенската колекција за уредување на домот е полна со интензивни бои, јаки акценти, позлатени парчиња и мотиви на фауна и флора, кои во целост отстапуваат од есенскиот изглед. Принтовите со цветни и животински дезени се појавуваат на перниците и керамиката, интензивните бои и позлатата на масите, а целиот есенски асортиман е дополнет со кристали и орнаменти во ретро стил, кои даваат прекрасен ефект на гламур. Погледнете го каталогот за мини колекцијата на Zara Home за оваа сезона. Есента никогаш досега не била толку шарена, ведра, ретро, модерна и гламурозна.