Сакам кога молчиш, зошто си како отсутна,
и ме слушаш од далеку, и мојот глас не те стигнува.
Изгледа како очите да ти летаат,
и изгледа како да со еден бакнеж ќе ти се затвори устата.
Како сите работи што се исполнети со мојата душа
Испливуваш од нештата, полна со душата моја.
Пеперутко од соништата, наликуваш на мојта душа,
и наликуваш на зборот меланхонија.
Сакам кога молчиш, и си како одалечена.
И си како да се поплакуваш, пеперутко ти приспивна.
И ме слушаш од далеку, и мојот глас не те стигнува,
остави ме да молчам, со твојата тишина.
Остави ме да ти зборувам, едноставно со твојата тишина,
јасно како светулка, едноставна како прстен.
Ти си како ноќта, замолчана и вџашена.
Твојата тишина е ѕвездена, еднакво далечна и искрена.
Сакам кога молчиш, зошто си како отсутна.
Далечна и жалосна, како да си умрела.
Еден збор тогаш, една насмевка замолчуваат.
И сум среќен, среќен од што не ќе сум искрен.