Кратко патување низ историјата на типичните париски градби преку фотографии
„750 години во Париз” е насловот на книгата чиј автор е францускиот илустратор и дизајнер Винсент Меи (Vincent Mahѐ). Во книгата, чиј издавач е Nobrow Press, е прикажано како и во која насока се менувале градбите во Париз со нивната својствена архитектура низ историјата, почнувајќи од 1265 до 2015 година. Она што е воочливо е дека колку и да се менувала нивната форма, сепак го задржале вистинскиот дух на францускиот стил на архитектура до ден денес.
Погледнете дел од фотографиите во продолжение.