Домаќините на овој инспиративно уреден животен простор, едногласно ја поддржале идејата за ремоделирање на нивниот стан и создавање на ентериер во еко стил. Станува збор за трособен стан со површина од 103 метри квадратни, кој се наоѓа во Киев, Украина. Како завршен производ добиле интересен и модерен дом за семеен живот, со голема, удобна и мошне топла дневна соба, кујна со трпезариска маса и прекрасен поглед низ прозорецот од француски тип. Природните материјали во внатрешноста, како што се дрвените греди и парчињата мебел, но и природните бои во ентериерот (нијанси на жолта, кафеана, зелена), создаваат релаксиран еко амбиент и ја евоцираат природата во просторот. Од друга страна, спалната соба за родителите радикално се разликува од сите останати простории. Муралот со ноќен пејзаж на Њујорк и пригушените тонови на ѕидовите, му даваат индивидуалност на катчето за опуштање, овозможувајќи им притоа идеални услови за одмор и релаксација. Детската соба, пак, освојува со карактерот, разноврсноста, универзалноста, но и со уникатниот декор. Проектот е дело на двојката архитекти Алексей и Алина Ковалёвы од дизајн-бирото ,,Двоеточие’’, а за визуелизацијата е заслужна Анна Черебедова. Во продолжение, погледнете какво е внатрешното уредување на овој едноставен, но преубав дом и пронајдете ја омилената идеја и за вашиот стан или куќа.