Marchesa е американски специјализиран моден бренд на висока мода за дами, формиран во 2004 година. Овој бренд е омилен кај глумиците на Холивуд, кога се појавуваат на црвениот тепих.
За есенската колекција на фустани за невести, дизајнерките на Marchesa – Georgina Chapman и Keren Craig, се фокусираа на металик и со монистра материјали, кои додадоа прекрасен сјај на венчаниците. Новото, што е претставено за сезоната есен/зима 2015. се чевлите и накотот, вклучувајки и круни. Што се однесува до чевлите, во тренд се секако, ласерки кроените чизми и сандали, чиј дизајн е достоен на секоја принцеза, кои зрачат со модерна и современа енергија.
Невестите кои ќе се решат за овој бренд, можат да одберат повеќе опции на венчаници, кратка, заводничи модел или секси, елегантна силуета со долга тоалета. Романтичното расположение е во контраст со сензуалните детали на отворениот грб, како и транспарентните слоеви кои откриваат повеќе кожа, отколку што традиционалната невеста е навикната.