Suzuki”Mighty Deck” е концепт автомобил, осмислен за жителите на градовите кои своето слободно време сакаат да го поминат во природа. Задниот дел на автомобилот, односно модифицираниот багажник, еден дел е направен од дрво, кој совршено може да послужи како маса или простор за опрема, потребна за идеалниот пикник. Задните седишта можат да се кренат и да формираат две места за седење, но можат и да се склопат и така да создадат поширок простор за други предмети. Додатното место за храна се наоѓа под дрвениот дел, кој лесно може да се крене.