По извонредниот успех на Yeezy Boost патиките, adidas Originals и провокативниот Kanye West одат чекор понатаму со YEEZY SEASON 1 , колекција на облека и чевли за мажи и жени. Колекција изобилува со безвременски парчиња кои со своите неутрални бои и неконвенционални облици, овозможуваат безбројни модни комбинации. Инспирирана е од модерниот и успешен пар, кои можат да ја носат облеката и обувките во теретена, на работа или состанок.
”Не сакам облекта да биде живот, туку облеката да му помага на животот. Како би ги ослободил потрошувачите од секојдневниот стрес додека се облекуваат, ги користев високо квалитетените материјали и создадов базни парчиња кои можат слободно да се комбинираат на безброј начини, токму како Lego коцките. Адидас е иновативна компанија која на креативците им овозможува адекватна платформа за создавање и за тоа сум им благодарен ”, кажа Kanye West.
Главни sвезди на колекцијата се Yeezy Boost 950 патиките, кои ја имаат популарната адидас boost cushioning технологија – ултимативниот спој на комоција и перформанси. Сем предимензионираните маици и јакни, колекцијата содржи и голем број на унисекс парчиња на облека, кои одговараат на сите стилови.