Многупати сме констатирале дека во уметноста секојдневно се раѓаат нови, навидум незамисливи идеи кои со многу љубов и труд стануваат реални. Уметниците Stephen Stum и Jason Hallman од студиото STALLMAN, заеднички работеле на нивната идеја- платното за сликање да го претстават како скулптура, а оваа колекција ја нарекле “Canvas on Edge”.
Имено, во оваа нова техника платното ја има главната улога. Преку сечење и виткање на неговите делови, обоеното платно добива определен облик и тридимензионална структура, а кога ќе се погледне под агол, се создаваат различни нијанси, сенки и движење. Уметниците велат дека преку оваа колекција го претвориле возможното и обичното во нешто необично. Изгледа неверојатно, нели?